Фолк-пејачот Влатко Миладиноски го промовираше видеото за својата последна песна „Се ми снема“, која ја испеа на последниот фолк-фест „Валандово“. Музиката и аранжманот ги направи неговиот брат, Златко Миладиноски, а текстот е на Борче Нечовски. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а во видеото се појавуваат и дел од момците на групата „Интермецо“.
„Песната е во малку поинаков стил од она што го пеам, но се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне како претходните песни“, вели Миладиновски.
Текстот Влатко Миладиновски промовира нов спот е превземен од Reporter.mk.