Фолк-пејачот Влатко Миладиноски сака да сними дует со Анета Молика. Тие неодамна имаа заеднички настап во Битола на „Иселеничка средба“ каде пееја пред голем број Македонци од дијаспората. На фотографијата што Влатко ја објави на социјалните мрежи доби бројни комплименти за пеењето, ама и прашање кога би снимиле дует со Анета.
„Поминавме навистина една прекрасна вечер со нашите Македонци. Прво морам да кажам дека секоја нова изведба на песната со која победив на ‘Гоце Фест’, ‘Велат не нема’, се повеќе ми ја полни душата, кога гледам како е прифатена кај публиката. Со Анета се познаваме долго време, соработуваме одлично, па зошто и да не размислуваме во тој правец, да снимиме дует, ако тоа од нас го бара секој што ја цени нашата музика и работа“, вели Влатко.
Текстот Влатко сака дует со Анета „Молика“ е превземен од Reporter.mk.