Поп-пејачката Тамара Тодевска објави емотивна порака за својот другар и музички колега, сега веќе починат, Влатко Илиевски. Таа вели дека Влатко ѝ недостасува и му посвети неколку реченици.
„Ти благодарам за сите убави сеќавања што ги држам во моето срце и како што поминува времето ќе се создаваат нови, но старите нема никогаш да ме напуштат“-пишува Тамара, која сподели и нивна заедничка фпотографија на која напиша „Ми недостасуваш“.
Дружбата на Тамара и Влатко почнала уште од средношколските денови, кога ги почнуваа музичките кариери, уште кога тој беше вокал на „Морал“. Подоцна и двајцата станаа изградени музичари, а во медиумите секогаш си беа поддршка еден на друг.
Влатко почина пред два месеца, кога на 6 јули беше пронајден мртов во автомобилот на булеварот Трета македонска бригада.
Текстот Влатко те чувам во срцето! е превземен од Reporter.mk.