Лејди Кити Спенсер, внуката на Лејди Дијана, откако се појави во рекламна кампања на „Долче и Габана“, е ново заштитно лице и на брендот „Булгари“. Се работи за нова колекција накит и очила за сонце.
Кити е ќерка на Чарлс Спенсер, помлад брат на принцезата Дијана. Иако не може да има никаква улога во кралското семејство, таа е прва братучетка на принцовите Вилијам и Хари, со кои е во доста добри односи.
На фотографиите од последната рекламна кампања на „Булгари“, таа изгледа заводливо, грациозно, волшебно, како и нејзината тетка, пишуваат британските медиуми.