Популарниот српски фолк пејач Шабан Шаулиќ откри дека неговите внуки, Уна (5) од постарата ќерка Санела и Илдина, ќерката на Ема, која има само две години, се негови големи фанови и уживаат во неговите хитови.
„Внуките ги пејат моите песни. Постарата Уна ги рецитира. Таа е препаметна. А оваа малата Илдина, што ќе ги слушне по цел ден игра и танцува. Го зема микрофонот кој нејзините мораа да ѝ го купат ѝ прави потези како да пее“, вели Шабан.
Шабан вели дека внуките за време на предновогодишните божиќни празници, со пеењето на неговите песни, прават вистинска еуфорична атмосфера во нивниот дом. Шабан вели дека иако е зафатен со снимањата на новогодишните програми, сепак тој со семејството нашол време да ја накити елката во пресрет на празниците.
Текстот Внуките на Шабан големи обожаватели на песните на нивниот дедо е превземен од Reporter.mk.