Во црвено мини Џеј Ло ги покажа мускулестите нозе

Црвениот кус фустан на Џенифер Лопез го привлече вниманието на јавноста и предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Некои велат дека Џенифер никогаш не била посекси, дека сакаат мускулести нозе како нејзините, а други напишаа дека должината на фустанот е вулгарна и дека тој само ги истакнува нејзините големи облини.

Фотографиите на кои Џенифер оди на вечера со нејзиниот партнер Алекс Родригез папараците ги направија пред станот на Џенифер во Њујорк. Глумицата и пејачка го искомбинира фустанот со салонки од Кристијан Лобутин.

 

Текстот Во црвено мини Џеј Ло ги покажа мускулестите нозе е превземен од Reporter.mk.