Синот на Дејвид Боуви, Данкан Џонс, го критикуваше филмот „Ѕвездена прашина“ посветен на британската музичка легенда и рече дека нема да дозволи песните на неговиот татко да се користат во филмот. Тој за медумите изјави дека продуцентите на филмот не побарале, ниту пак добиле одобрение од семејството на починатиот музичар да снимаат филм за Боуви, ни да ја користат неговата музика.
„Не велам дека овој филм нема да се случи. Но, ако сакате да гледате биографски филм за Боуви во којшто ја нема неговата музика, тоа е до вас“, напиша Џонс на „Твитер“.
Снимањето на филмот во режија Габриел Рејнџ треба да почне во јуни, а во улогата на младиот Боуви ќе се појави Џони Флин. Филмот ќе го следи првото гостување на Боуви во САД во 1971 година, што го инспирирало да го создаде ликот на Зиги Стардаст.
Текстот Во филмот за Дејвид Боуви нема да се пеат неговите песни е превземен од Reporter.mk.