Во новиот „Сам дома“ Кевин требало да стане робијаш желен за одмазда

Режисерот на првите два дела на филмот „Сам дома“, Крис Колумбус,  им открил на американските медиуми дека планирал да направи продолжение на божикниот филмски хит.

Крис осмислил модерна верзија на популарниот филм, но вели дека актерот Меколи Калкин (38), кој ја играше главната улога во филмот, малото дете Кевин, ја одбил понудата.

Серијалот „Сам дома“ говори за малото дете Кевин чии родители ќе го заборават во метежот и брзањето да заминат на одмор. Во првиот дел ќе го заборават во семејниот дом, додека во вториот Кевин ќе се одвои од нив на аеродромот и ќе отпатува на сосема друга локација, со друг авион.

Во првиот дел Кевин ќе се соочи со двајцата разбојници кои имаат намера да му ја ограбат куќата. На крајот сè ќе заврши среќно, така што разбојниците ќе бидат уапсени, а момчето ќе биде безбедно со своето семејство.

Сега Крис дошол на идеја повторно да го оживее ликот на Кевин, но овој пат како крадец и злосторник. Во продолжението во уводната шпица, Кевин ќе порасне во затворска келија. Идејата на Крис е Кевин да се бори со стравовите што не се вообичаени за деца и со траумите кои од него направиле злосторник.

По отслужената казна, Кевин ќе има само една цел, да се одмазди на бандитите кои му упаднале во куќата и му оставиле трајни трауми.

Кога ќе види дека злосторниците од првите два дела, Хери и Мрв, се сосема поинакви и дека живеат мирни животи со своите семејства, Кевин ќе се налути затоа што поради нив тој е во тешка ситуација.

Крис открил дека Меколи ја одбил неговата понуда, иако, како што вели тој, филмот би требало да стане голем хит.

 

 

 

Текстот Во новиот „Сам дома“ Кевин требало да стане робијаш желен за одмазда е превземен од Reporter.mk.