Во тестаментот на Дивна Карлеуша, го нема споменато името на нејзината ќерка, српската пејачка Јелена Карлеуша. Блиски пријатели откриваат дека Дивна нема премногу имот на свое име, а куќата во која живеела, отсекогаш и било желба да ја остави на своите внуки Атина и Ника Тошиќ.
„Дивна Карлеуша додека беше жива постојано зборуваше како сака нејзините внуки да и бидат наследнички, затоа што таа беше многу поврзана за нив. Сметаше дека Јелена и Душко си имаат и повеќе од доволно обезбедено за целиот свој живот и дека во материјална смисла ништо не би и било потребно“, вели пријател близок до семејството Карлеуша.
Дивна Карлеуша по долго боледување почина минатата недела на 61 годишна возраст.
Текстот Во тестаментот на Дивна Карлеуша ја нема Јелена е превземен од Reporter.mk.