Сомнителен пакет е испратен во ресторанот на познатиот актер Роберт де Ниро, во Њујорк. Пакетот бил ист како оние испратени на адресата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Поради претпазливост, ресторанот како и зградата покрај која се наоѓа објектот се евакуирани.
BREAKING: Pipe bomb sent to NY offices/restaurant of Robert de Niro. This is the 8th such device sent in past 24hrs – all recipients have been vocal critics of President Trump. pic.twitter.com/xVzOHqTKwB
— Piers Morgan (@piersmorgan) October 25, 2018
За потсетување, вчера беа откриени 7 пакети кои биле испратени на адреса на политичари и медиуми. Неименувано американско полициско лице изјавило дека пакетите-бомби кои биле откриени во текот на вчерашниот ден содржеле прав и скршено стакло од PVC материјал долго околу 15 сантиметри и истите биле залепенени со црна лента.
Текстот (Во живо) Сомнителен пакет испратен и во ресторанот на Роберт де Ниро е превземен од Reporter.mk.