(Водео) Ова е „Наше време“, Сара Мејс со предизвик сними нова песна во карантин

Поп -пејачката и храфистка Сара Мејс во време на коронавирус сними  нова песна.

Песната тргна како музички мотив на харфа, која таа го објави на својот профил за време на изолација и предизвика еден од нејзините колеги музичари да отсвири бас линија врз нејзината тема. Музичарите продолжија да се предизвикуваат се додека не ја објавија песната.  Темата носи наслов  „Наше време“. И водетото е снимано во карантин , секој во домашни услови.

„Додека трае полицискиот час, во удобноста на домот се создава оригинална македонска музика„, вели  Сара.

Таа  преку песната испрати порака: Еден ден сѐ ќе биде во ред и времето кое го живееме сега, ќе биде раскажувано од нашите деца во иднина“.

Зад песната стои цел тим : музиката за „Наше време“ е на Сара Мејс, како и изведбата на харфа, вокали – Сара Мејс, Теона Јованоска и Матеј Додевски, Симеон Ангеловски – бас гитара, Драган Теодосиев – тапани, Зоран Јагоридовски – конги, додека за звукот се погрижи Ивица Јанкуловски.

Текстот (Водео) Ова е „Наше време“, Сара Мејс со предизвик сними нова песна во карантин е превземен од Reporter.mk.