Фотографијата на која Дејвид Бекам (43) ја бакнува во уста својата седумгодишна ќерка Харпер предизвика различни реакции во јавноста, но, исто така, послужи како тема за разговор во британската утринска програма.
ТВ-водителот Пирс Морган (53) на утринската програма „Добро утро Британија” разговараше со пејачот Питер Андреа (45), со кој, меѓу другото, го коментираше потегот на Дејвид Бекам.
Со оглед на тоа дека Андре е исто така татко, водителот го прашал дали, според него, е нормално таткото и ќерката да се бакнуваат во уста.
„Јас тоа го правев кога моите деца беа многу мали, но сега не би го правел. Јас го разбирам Дејвид и не го обвинувам“, кажа пејачот, а Морган во истиот момент стана и го бакна во уста.
„Ова беше загрижувачки добро“, се пошегува водителот, а Питер, кој во прв момент беше изненаден, се придружи кон шегата и му кажа на Пирс дека има меки усни, како и дека во нивниот бакнеж нема ништо лошо бидејќи „тоа е љубов”.
Текстот Водител среде утринска програма бакна во уста славен пејач е превземен од Reporter.mk.