Израелскиот супермодел Бар Рафаели (33), која ќе биде водител на годинешниот Евросонг во Тел Авив, ќе мора на државата да плати два милиони евра данок. Ова го објавија светските медиуми по донесената пресуда на судот во Тел Авив. Покрај данокот, Рафаели ќе мора да ги плати и судските трошоци во износ од 30.000 евра.
Судот пресудил дека Рефаели не ги пријавила во целост своите милионски заработки кои ги остварила во земјата и странство и дека плаќала многу ниска цена за скапоцениот стан во Тел Авив. Рафаели изјавила дека периодот за кој се терети, таа не престојувала во земјата. Скапиот автомобил вели дека го добила од својата промотивна работа.
Рафаели била забележана во судот во Тел Авив на крајот на април, а нејзините адвокати најавиле тужба до Врховниот суд. Претходно даночната управа и приложила документи за неплатен данок.
Таа ги отфрлила сите обвинувања, а пред судот открила дека во 2009 година, период кога се терети за неплатениот данок, таа била во врска со актерот Леонардо ди Каприо со кого и живеела.
„Бевме во сериозна врска и тогаш бев жител на Израел. Не морам да платам данок во Израел, ако парите ги заработувам во друга земја“, изјавила Рефаели.
Судот пресудил дека манекенката никогаш не доставила реални докази дека ја прекинала својата врска со својата земја. Во целиот случај биле вмешани и нејзините родители, кои исто така се обвинети за перење на пари. а обвинувањата против родителите сеуште не се подигнати.
Во обвинението стои дека Рафаели земала повеќе од пет милиони евра во период од три години. На даночната управа во Израел, Рефаели им говорела дека живее во САД, а на управата во САД, дека престојува во Израел.
Манекенката, како што пренесуваат светските медиуми, од заработените пари купувала станови во Израел. Освен тоа, во обвинението стои дека примала и скапоцени подароци во замена за рекламирање на фирми и организации.
Текстот Водителката на „Евросонг“ должи на Израел два милиони евра данок е превземен од Reporter.mk.