Милица Гацин една од трите водителки на квизот „Сложувалка“, вели дека и покрај сите потешкотии и ризици, таа два пати успеала да го победи туморот. Милица вели дека направила две операции на тумор на дојката и дека на крај работите завршиле со среќен крај.
Водителката која е позната по убавата насмевка, вели дека зад неа се криела жестока борба за гол живот.
„Првиот пат го открив туморот пред породувањето со помалата ќерка Хана, која сега има 14 години. Докторите мислеле дека е млечна жлезда, но затоа што не се повлече ни по два месеци, повикав доктор, а тој ми предложи да се отстрани туморот. Иако многумина ме советуваа ништо да не правам, сепак на крај ги послушав докторите“, открива водителката.
За жал туморот повторно и се вратил, а кога побарала објаснување од докторот тој и објаснил дека причината е големата нервоза.
„Докторт ми кажа дека нема прична да се нервирам и дека не вреди, затоа што во телото доаѓа до дисбаланс на хормоните и моите гради реагираат на начин на кој реагираат“, изјавила Милица.
Текстот Водителката на квизот „Сложувалка“, два пати успеала да го победи туморот е превземен од Reporter.mk.