Две години по убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ, за прв пат во јавноста беа објавени нејзини фотографии, од местото на злосторот.
На фотографиите српската пејачка во бела тренерка лежи покрај грмушка. Недалеку од нејзиното мртво тело се пронајдени патики, шнола и локни крв. Фотографиите ги објавија српските медиуми, кои ги добиле од директорот на Центарот за форензички истражувања од Нови Сад.
Телото било пронајдено во водите на каналот покрај насипот во Борч. Може јасно да се види дека телото и било целосно потопено во вода и едвај се надзирало. Тоа е основна причина зошто кучињата трагачи не можеле да ја пронајдат истата таа вечер.
Главен осомничен за убиството беше нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ, кој подоцна беше пуштен да се брани од слобода.
Текстот (Вознемирувачки фотографии) Објавени фотографии од убиената Јелена Марјановиќ е превземен од Reporter.mk.