Врањеш платил сепаре за концертот на Карлеуша

Огњен Врањеш ќе присуствува на концерт на Јелена Карлеуша, пишуваат српските медиуми. Фудбалерот веднаш купил карти преку интернет и го резервирал централното сепаре, од каде има најдобар поглед.

За картите Врањеш платил илајдници евра, вели извор близок до фудбалерот. И покрај тоа што во меѓувреме Врањеш и Карлеуша се тужат на суд за лаги и левети, во врска со секс скандаот кој изби минатата година, фудбалеро и понатаму не може да заборави на пејачката со која наводно имаше љубовна афера, пренесуваат медиумите.

Српски „Курир“ пишува дека Врање го закупил централното сепаре на концертот на Карлеуша на фестивалот „Влез“ во Белград кој ќе почне на 11 јули.

„Откако картите за концертот на Карлеуша беа пуштени во продажба, Огњен преку интернет го резервираше централното сепаре, од каде има најдобар поглед на сцената. Го чинеше неколку илјади евра. Во цената е пресметан и алкохолот за неговите десетина пријатели“, вели извор близок до Врањеш.

Огњен во моментов е на подготовки со својот тим во Полска, а следниот четврток со приватен лет планира да се врати во Белград.

Карлеуша и Врањеш во средата имале закажно рочиште на суд во Белград, на кое не се појавиле. Врањеш од Карлеуша бара оштета од 20.000 евра за заканите и јавните упатени навреди.

На крајот на месец јуни Врањеш се појави на закажаното рочиште, додека Карлеуша ги избегнува судењата. Огњен смета дека нејзиното непојавување на суд е непочитување кон него.

„Јас сум од Босна, а живеам во Брисел. Поминувам толкав пат само да се го испочитувам судот. Не е логично таа да не добила покана и да не знаела за рочиштето. Нејзините адвокати минатиот пат присуствуваа, па не ми е јасно зошто и таа не дојде“, изјавил Огњен.

 

Прочури фотографија од Карлешуа во бикини без фотошоп

Во меѓувреме на социјалните мрежи се рашири фотографија од српската пејачка во бикини, на која не е направен никаков фотошоп. Пејачката во моментов се наоѓа во Турција, заедно со ќерките Атина и Ника.

Карлеуша опуштено се води до плажите и хотелот, а бикинито едвај ги собра нејзините облини. Фотографијата за кратко време се рашири низ социјалните мрежи.

 

Текстот Врањеш платил сепаре за концертот на Карлеуша е превземен од Reporter.mk.