Само неколку недели откако го тужеше студиото „Амазон“ оти му откажале снимање на четири филма, режисерот Вуди Ален почна да снима нов филм во Барселона, Шпанија. Ова го потврди и шпанското студио „Медијапро“, кое ги продуцираше неговите претходни филмови „Вики, Кристина, Барселона“ и „Полноќ во Париз“.
„Амазон“ за сега не коментира зошто ги откажале филмовите на Ален, иако еден од новите проекти е веќе во постпродукција. Шефицата на „Амазон“ рекла за „Њујорк тајмс“дека нема да дистрибуираат филмови од Вуди Ален. Неофицијално, причините за откажувањето на проектите од страна на „Амазон“ се обвинувањата дека Ален сексуално ја злоупотребувал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година.
Текстот Вуди Ален снима нов филм во Шпанија е превземен од Reporter.mk.