Мартин Вучиќ, пејач и директор на националниот Ансамбл „Танец“, напиша емотивен статус на социјалните мрежи, за неговиот татко, Драган Вучиќ кој неодамна почина.
„За некого беше музичариште, за некого басист бр.1, за некого шоумен, за некого композиториште. За мене секогаш татко над татковците!“, напиша Мартин.
За потсетување, Драган Вучиќ почина на 4 мај од коронавирус. Тој претходно една недела се лекуваше на Клиниката за инфективни болести, но состојбата нагло му се влошила, а имал и тешка слика на белите дробови.
Вучич почина на 65 години. Починатиот музичар и водител, зад себе остави бројни поп-хитови, а меѓу нив и „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Тој ја компонираше и песната Make My Day, што ја претставуваше Македонија на Евровизија 2005 година.
Текстот „За мене Драган беше татко над татковците”- Мартин Вучиќ со емоции за починатиот татко е превземен од Reporter.mk.