За првпат право на британската круна ќе има бебе од афроамериканско потекло

За првпат во историјата право на британската круна ќе има бебе со афроамериканско потекло. Принцот Хари и Меган Маркл на пролет чекаат принова.

Бебето ќе биде седмо по ред за британскиот престол, веднаш по неговиот татко, a откако ќе се роди сите под него ќе паднат за едно место пониско.

Радосната вест кралската двојка прво ја сподели со кралицата Елизабета II и своето семејство.

 

Првото дете на прицот Хари и Меган Маркл ќе ја нема титулата на принц или принеза, како што тоа е случај со трите деца на принцот Вилијам, пишува „Дејли мејл“.

Исто така бебето, како и неговата мајка, има афроамерикански корени и ова ќе биде првото кралско дете во Велика Британија кое ќе има такво потекло.

Бебето ќе ги има овие титули единствено ако кралицата Елизабета II ги промени правилата. Наместо принц или принцеза, првото дете на Хари и Меган ќе ја добие титулата ерл од Думбартон, ако биде момче, или лејди Моунтбатен-Винзор, ако биде девојче.

И од Кенсингтонската палата соопштија денес дека војвотката од Сасекс е бремена и дека  се очекува бебето да стигне следната година на пролет.

Среќната вест е објавена неколку часа  откако војводата и војвотката од Сасекс слетаа во Сиднеј на својата прва меѓународна турнеја по венчавката во мај.

Се очекува новото кралско бебе да го преземе презимето Сасекс, на ист начин како што децата на принцот Вилијам, Џорџ, Шарлот и Луи, го преземаа презимето Кембриџ, кога ги запишаа во школо и градинка.

Новото кралско бебе ќе го замени принцот Ендру во редот за престолот, без оглед дали ќе биде момче или девојче, по промената на законот од 2011 година, кога им бил даден ист статус на синовите и ќерките.

Вака сега ќе изгледа  линијата на наследници за британскиот престол, по раѓањето на бебето на принцот Хари и Меган Маркл:

  1. Принцот Чарлс
  2. Принцот Вилијам
  3. Принцот Џорџ
  4. Принцезата Шарлот
  5. Принцот Луи
  6. Принцот Хари
  7. Бебето Сасекс
  8. Принцот Ендру
  9. Принцезата Битрис
  10. Прицезата Јуџин

 

 

Текстот За првпат право на британската круна ќе има бебе од афроамериканско потекло е превземен од Reporter.mk.