Македонскиот премиер Зоран Заев е фаворит за добивање на Нобеловата награда за мир, изјавил Виктор Нумелин, специјален уредник за Нобеловата награда во шведската новинска агенција ТТ, во интервју за грчката новинска агенција АНА. Меѓу кандидатите е и неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
„Тешко е да се каже кој е номиниран, а кој не бидејќи тоа е делумна тајна, но тие се споменати за наградата“, вели Нумелин.
Нумелин вели дека секоја година во јавноста се вртат голем број шпекулации и дискусии за тоа кој ќе ја добие наградата за мир.
„Оваа година многу се зборува за Корејскиот Полуостров, за ситуацијата со бегалците, ситуацијата околу преговорите меѓу Грција и Македонија“, вели Нумелин.
Тој додава дека многумина од членовите на комисијата за наградата ќе сметаат дека е идеално Нобеловата награда за мир да им биде дадена на двајцата премиери или на некој друг кој учествувал во преговорите.
Тој истакнува дека малиот одѕив на референдумот ги отежнува работите. „Но, ништо не е невозможно“, додава Нумелин.
Текстот Заев фаворит за Нобеловата награда за мир, тврди шведски новинар е превземен од Reporter.mk.