Заев три пати ја бакна Меркел за добредојде

Германската канцеларка Ангела Маркел денеска е во Скопје. Неа пред Владата ја пречека премиерот Зоран Заев и како што е обичај кога се пречекуваат гости, ја баци три пати во образ. Меркел, која е првпат во Скопје, на средбата со Заев дојде облечена во зелено палто и црни панталони.

Психолозите велат дека зелената е боја на стабилност и сигурност. Ја бираат личности кои имаат силна волја и кои посакуваат власт. Оваа боја ја носат и луѓе што се стремат да им ја наметнат својата волја на другите. Психолозите ја опишуваат зелената и како боја што им прилега на упорните, вредните и срдечни луѓе.

 

„Зелената боја е најлесна за окото“, велат тие.

Ангела Меркел е канцелар на Германија од 2005 година. Таа е прв германски канцелар што дошол во Македонија, откако во 1999 година Герхард Шредер имаше куса посета на земјава заради кризата на Косово. Неа пред Владата ја пречекаа и министрите Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски.

ВО ЖИВО ОД ВЛАДА: Пречек на германската канцеларка Ангела Меркел

ВО ЖИВО ОД ВЛАДА: Пречек на германската канцеларка Ангела Меркел

Gepostet von A1on.mk am Samstag, 8. September 2018

Текстот Заев три пати ја бакна Меркел за добредојде е превземен од Reporter.mk.