Премиерот Зоран Заев во друштво на сопругата Зорица и многубројните верници, го дочека Христовото воскресение во црквата Свети Григориј Палама и Димитриј во Струмица. Тој и Зорица, според обичајот, точно на полноќ се кршеа со јајца. Премиерот за себе избра црвено јајце, бојата што ја означува крвта на Исус.
Утрово, на својата фејсбук-страница, Заев остави порака по повод празникот.
„Им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници. Нека овој празник ни донесе мир на сите, благосостојба и меѓусебно почитување. Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со кои се соочуваме сите ние граѓаните“, напиша тој.
Фото: Фејсбук
Текстот Заеви ги скршија јајцата е превземен од Reporter.mk.