Во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 15 лица, кошаркарот на КК Гостивар, Јовица ТРпески, кој е син на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпески.
Раководството на КК Гостивар денес со соопштение побара одложување на завршниот турнир од Купот на Македонија. Тој играл за вториот тим на Гостивар.
„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одложување на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, се вели во соопштението.
Се очекува да се изјасни Македонската кошаркарска федерација, која веќе ги дефинира последните детали за организацијата на Куп-завршницата во Гевгелија.
Текстот Загинатиот син на пратеникот Трпески бил кошаркар,соиграчите потресени е превземен од Reporter.mk.