Зак Ефрон за време на снимањето во џунгла, се соочил со опасна инфекција

Глумецот Зак Ефрон заврши во болница откако за време на снимањето на новиот документарец во Нова Гвинеја добил смртоносна инфекција. Тој на средината на декември го снимаше новиот документарец Killing Zac Efron, во кој тој 21 ден преживува во џунгла.

За време на снимањето Ефрон се соочил со сериозна инфекција, опасна по живот, а, за среќа, ја избегнал смртта, велат негови блиски пријатели.

„Ефрон беше со авион итно префрлен во Бризбејн во Австралија, каде лекарите неколку дена водеа битка за неговиот живот“, наведува иворот.

Откако состојбата му се стабилизирала, лекарите процениле дека глумецот може да ја напушти болницата и да се врати во Америка, каде го чека долго закрепнување. На Ефрон му било забрането да продолжи со снимањето на документарецот.

 

Текстот Зак Ефрон за време на снимањето во џунгла, се соочил со опасна инфекција е превземен од Reporter.mk.