Омилениот дизајнер на холивудските ѕвезди Зак Позен ја затвора својата модна куќа. По 20 години работа со ѕвездите за црвениот тепих, со Мишел Обама и бројни модни ревии, Посен објави дека е на работ на банкрот. Тој објави дека мора да ги затвори своите брендови House of Z и Z Spoke, оти веќе нема можност да ги „одржува во живот“.
„Жал ми е за одлуката, но таа е најдобра во овој момент“, рекол Позен.
За своите креации тој освоил бројни модни награди, меѓу кои и онаа на Советот на модни дизајнери на Америка. Најпрепознатлив е по тоалетите со сирена крој. Тој беше член на жирито во реалното модно шоу Project Runway. Во кариерата често ја облекуваше Мишел Обама, а дизајнираше и за Кејти Холмс, Гвинет Палтроу, Наоми Кемпбел, Ријана, Сара Џесика Паркер, Ума Турман и многу други.
Позен во моментов е креативен директор на американскиот бренд Brooks Brothers.
Текстот Зак Позен, омилениот дизајнер на ѕвездите, ја затвора модната компанија е превземен од Reporter.mk.