Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, седумгодишнината од бракот со Присила Чен ја прослави во Атина. Тој објави селфи од Акропол и се пофали дека се на романтично патување во Грција.
„Прославуваме седум години среќен брак во храмот за божицата на мудроста“, напиша Закерберг покрај селфито од
Партенон.
Следбениците на „Фејсбум“ му ја честитаа годишнината, некои му рекоа дека е на најубавото место во светот, а други искоментираа дека можел да избере поромантична дестинација. Пред Грција, Марк и Присила беа во Париз.
Текстот Закерберг во Атина ја прослави годишнината од брак е превземен од Reporter.mk.