Холивудската актерка Натали Портман која има израелско потекло, вели дека новиот закон кој во јули бил изгласан од страна на пратениците во парламентот во Израел, со кој земјата се дефинира како еврејска држава-нација е расистички.
Натали Портман во интервју за весникот „Ал Кудс Ал Арабија“, со седиште во Лондон, ги критикувала пратениците поради спорниот закон.
„Тој закон според кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација е грешка ѝ јас не се согласувам со истиот. Верувам дека сите можеме да ги сакаме нашите соседи ѝ дека може да работите заедно со нив“, истакнала Портман.
Портман во јуни беше прогласена за добитничка на престижната награда „Џенезис“ во Израел, а станува збор за своевидна еврејска Нобелова награда.
Фондацијата која стои зад оваа награда, објавила дека Портман одбила да дојде на свечената церемонија на доделувањето на наградите во јуни во Израел.
Портман го одбила и наградниот фонд во вредност од два милиони долари.
Актерката тогаш соопштила дека не е пријатно да учествува на каков било јавен настап во Израел. Свечената церемонија на доделувањето на оваа награда беше откажана.
Израелскиот парламент го усвои на 19. јули, нацрт законот со кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација и тоа со 62 гласа и 55 против, со што предизвика голема полемика и критики во регионот.
Израелските власти претходно спроведувале дискриминаторна политика кон арапското население, а со новиот закон тоа било легализирано.
Арапскиот јазик го изгубил статусот на службен јазик, што е статус кој ќе го има исклучиво хебрејскиот јазик. Освен тоа, еврејските празници се прогласени за државни, а Ерусалим како главен град на Израел.
Повеќето одредби од законот се во спротивност со постоечката законска одредба, која на сите граѓани во Израел им овозможува да имаат еднакви права и можности.
Прогласувањето на Израел за татковина на сите Евреи ги занемарува правата на Палестинците. Исто така ги поттикнува Евреите од другите земји да се преселат во Израел, а се блокира враќањето на прогонетите Палестинци.
Текстот Законот со кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација е расистички е превземен од Reporter.mk.