Поранешниот ракометар на „Вардар“, Игор Карачиќ, вчера преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите и клубот со кој двапати стана европски првак и освои неколку титули во СЕХА лигата и домашното првенство. Тој со емотивен статус им порача на навивачите на клубот дека никогаш нема да ги заборави, а дека неговото срце засекогаш ќе остане со “Вардар”.
„Големо благодарам на клубот, играчите и најмногу на навивачите кои беа со мене во оваа прекрасна приказна во ‘Вардар’. Засекогаш во моето срце“, напиша Карачиќ на „Фејсбук“.
Хрватскиот бек во „Вардар“ играше седум сезони. Тој кариерата ќе ја продолжи во Полска, во „Кјелце“.
Текстот Заминувам тажен, моето срце е “Вардар” – Игор Карачиќ е превземен од Reporter.mk.