Непознати лица утрово во 3:50 часот му ја запалиле колата на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која ги организираше концертите на Анстасија, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ и други. Кристијан за „Репортер“ потврди дека колата со бугарски таблички од марката „бе-ем-ве“ во задниот дел е скоро целосно изгорена, и рече дека веднаш пријавил во полиција.
„Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пуцкаше пластиката од колата. Потоа дојде и сосетката да ми каже дека колата гори. Возилото е запалено со бензин, но тој не знам кој и зошто го направил тоа. Не се сомневам во никого, никој претходно не ми се заканувал“, ни изјави Кристијан.
Тој верува дека палењето на колата е поврзано со неговата работа и се надева дека полицијата ќе ги најде виновниците.
„Во близина на мојот дом има поставено камери, можеби преку нив ќе откријат кој ја полеа колата со бензин и ја запали. Јас не се плашам, но ова го потресе моето семејство“, додаде Кристијан.
(А.Ј)
Текстот Запалена колата на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на повеќето концерти кај нас е превземен од Reporter.mk.