“Заради канабисот се чувствувам одлично“, вали ѕвездата на „Брилијантин“

Откако беше објавено дека Оливија Њутн Џонс повторно се бори со ракот, кој и по трет пат и се врати таа сега се огласи во јавноста велејќи дека заради канабисот се чуствува подобро. Вели : „Пред една година, повторно завршив во Центарот за здравје и истражување, но благодарение на медицинскиот третман со канабис, повторно се чувствувам одлично. Кога станува збор за подвижност и болка, промената беше веднаш. Повеќе не ми треба морфиум, што е многу важно “, рече 70-годишната актерка Оливија Њутн Џон која уште еднаш даде поддршка и потенцираше за потребата од легализација на марихуаната. Таа доби поддршка и од нејзината ќерка Клои Латтанзи и сопругот.  На Оливија и беше дијагностицирана карцином на дојка во 1992 година, која се прошири на ‘рбетот лани во септември.

Текстот “Заради канабисот се чувствувам одлично“, вали ѕвездата на „Брилијантин“ е превземен од Reporter.mk.