Заради лажење Аца Лукас ја откажа турнејата во Австралија

Српскиот пејач Аца Лукас ја откажа турнеја во Австралија откако му беше укината визата која регулрано ја доби на 28 мај. Визата му била укината затоа што излажал во пријавата дека не бил претходно осудуван. Лукас на 25 сепмтеври, пет дена пред почетокот концертите, го откажа летот за Сиднеј.

„Сè беше подготвено за турнејата во Австралија. Сите карти беа распродадени. Авионските билети беа резервирани, хотелите чекирани. Сè беше организирано на највисоко ниво. Турнејата требаше да почне и заврши во Сиднеј. Беше предвиден и настап во Мелбурн, во палатата Кенсингтон“, открива извор близок до фолк-пејачот.

Тој објаснува дека до забуна дошло затоа што Лукас погрешно одговорил на прашањето дали е кривично осудено лице. Пејачот мислел дека прашањето се однесува на сегашниот период, а не во минатото.

„Лукас не зборува перфектно англиски, па затоа настана проблем. Тој одговорил негативно, затоа што против него во моментов не се води ниту една кривична постапка, а познато е дека бил кривично осудуван на 10 месеци условна казна, кога призна дека е виновен за семејно насилство“, вели изворот.

Од неговиот менаџмент велат дека не им е јасно како властите на Лукас му ја одобриле визата на 28 мај, а на само пет дена пред турнејата му ја укинале. Од таму велат дека ќе се обидат да направат сè што е во нивна моќ да се укине одлуката за поништување на визата и да му се дозволи на пејачот влез во Австралија.

„Луѓето во Австралија го сакаат и Лукас беше среќен затоа што картите беа распродадени во рекорден рок. Ќе ги испочитуваме барањата на амбасадата, но истовремено ќе работиме на решавање на оваа бирократска ситуација“, порачуваат од тимот на Лукас.

Српските медиуми пишуваат дека пејачот би можел да изгуби 100.000 евра поради откажаната турнеја.

 

Текстот Поради укинување на визата Аца Лукас ја откажа турнејата во Австралија е превземен од Reporter.mk.