Кралскиот биограф, Ендру Мортон, објавил информации, кои всушност ги запишал од раскажувањата на принцезата Дијана, за тоа како почнал да пропаѓа нивниот брак.
Последните информации се однесуваат на втората бременост на пронцезата, за која таа кажала: „Јас и Чарлс бевме многу, многу блиски шест недели пред да се роди Хари. Тогаш одеднаш, се се уништи. Тој сакаше второто дете да ни биде ќерка, тој од секогаш сакал ќерка. Кога се породив првата реакција му беше – Ох боже! Машко е, па и со портокалова коса. Прилично беше разочаран“.
Дијана ќе додаде дека Чарлс уживал во растењето на синовите, но дека тоа бил клучниот момет кога нивниот брак почнл да пропаѓа.
Текстот Заради принцот Хари пропадна бракот на Чарлс и Дијана е превземен од Reporter.mk.