Од палатата Кенсингтон објавија дека Кејт Мидлтон се враќа на работа и дека ѝ завршило породилното отсуство. Нејзината програма е исполнета со настани, на кои се бара нејзино присуство во име на британската монархија, со добротворни иницијативи за кои треба да помага.
Првиот ангажман на војвотката на Кембриџ сепак беше посета на настан на кој присуствуваа само деца од предучилишна возраст. Се одржа во рекреативниот терен Падингтон во западен Лондон. И целта на Кејт беше да помогне во промоцијата на програма што им овозможува на малите деца да се поврзат со природата, да учат многу интересни работи за растенијата и животните, да бидат сочувствителни со случувањата во околината.
Токму поради неформалното опкружување, Кејт се потпре и на неформална облека. Таа беше во фармерки на Zara (29,99 фунти), сив џемпер (115 фунти) и јакна (175 фунти) на шведскиот бренд Fjällräven, специјализиран за планинската опрема и облека, свилена кошула на Joseph (395 фунти), како и нејзините омилени чизми на Penelope Chilvers по цена од 475 фунти, за кои новинарите на Островот сметаат дека се дел од нејзината гардероба веќе една деценија.
Текстот Заврши породилното, Кејт Мидлтон се врати на работа е превземен од Reporter.mk.