Заврши снимањето на документарецот за Анче Џамбазова

Заврши снимањето на документарецот за мајка ми Анче – вели Игор Џамбазов откако објави неколку фотографии на Инстаграм.  Премиерата на филмот за животот и кариерата на легендарната македонската театарска и филмска актерка Анче Џамбазова ќе биде на 9  септември, на затворањето на театарскиот фестивал „Гола месечина“. Филмот е во продукција на „Театар комедија“, а во тек се финалните снимања и подготовка на документарниот филм, посветен на актерката која секогаш ќе ја помниме по улогите во „Мирно лето“, „Македонските народни приказни“, како и претставите на сцената на Македонсиот народен театар.

Анче Џамбазова, ќерка на едно од најзвучните македонски актерски имиња Петре Прличко, беше родена во 1942 година, а почина на 30 септември 1997 по борбата со ракот на белите дробови.

Документарниот филм е во режија на Миле Гроздановски, а сценариото е на Гоце Трајковски, со согласност и учество на членовите од нејзиното семејство, сопругот Александар и синот Игор Џамбазови. Нејзините најблиски, како и пријателите и соработниците во филмот, се сеќаваат и споделуваат спомени поврзани со начинот на којшто таа функционирала професионално – на сцената, како и детали од приватниот живот.

 

 

 

 

Текстот Заврши снимањето на документарецот за Анче Џамбазова е превземен од Reporter.mk.