Актери, режисери, поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, ексминистри, градоначалници, дојдоа на градските гробишта во Бутел да ја испратат актерката и поранешна градоначалничка Билјана Беличанец во нејзиниот вечен дом.
Покрај семејството, колегите од театарот, тука беа и голем број нејзини блиски пријатели, роднини.
Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени од болка, во неверување, влегуваа во капелата за да ѝ оддадат почит на Беличанец.
Први пристигнаа пратеничката Даниела Рангелова и актерот Васил Зафирчев со Калиопи, а набргу потоа и ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, ексградоначалниците Коце Трајанов и Ивица Коневски, Драган Спасов-Дац, Роберт Вељановски, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Мартин и Драган Вучиќ, Снежана Коневска-Руси, Јохан и Соња Тарчуловски – се само некои од оние што дојдоа последен пат да се простат од својата колешка и пријателка. На последното испраќање на актерката дојде и претседателот Ѓорге Иванов.
Се чекаше во ред за да се влезе во капелата каде што беше положена Беличанец, актерката за чија смрт јавноста сè уште зборува со неверување.
Билјана Беличанец беше пронајдена мртва во саботата во стан во Скопје околу 22.40 часот. Актерката се самоуби со бесење, а телото го нашол нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски. Актерката претходно беше во брак со познат стоматолог со кого има две деца.
Беличанец во својата актерска кариера одиграла многу улоги и добила повеќе награди. Таа од 2013 до 2017 година беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода.
Редакција: Репортер
Текстот Збогум Беличанец! е превземен од Reporter.mk.