Американската пејачка Аријана Гранде повторно има сериозни здравствени проблеми и со месеци не може да го излекува грлото. Таа имала и постојани главоболки, пишуваат странските медиуми. Пејачката изјавила дека не може да сфати што се случува со нејзиното тело.
Уште во мај Гранде ги откажа концертите на Флорида бидејќи нагло се разболе. Тогаш како дијагноза беа наведеи алергиските реакции поради кои ѝ се затворило грлото, како и на менталните проблеми по терористичкиот напад пред неколку години, кога од бината во Манчестер беспомошно гледала како умираат 22 луѓе за време на нејзиниот концерт.
Во саботата на фановите преку Инстаграм пејачката им навести дека здравјето пак ѝ се влошува.
Напиша дека едвај дише и дека многу ја болат грлото и главата.
„Уште сум многу болна. Не ми е добро уште од последниот концерт во октомври во Лондон“, напиша Гранде.
Текстот Здравјето на Аријана Гранде повторно е влошено е превземен од Reporter.mk.