Здравко Чолиќ го наполни Пулскиот амфитатар

Здравко Чолиќ по шест години го наполни Пулскиот амфитеатар. Пред десетилјадната публика покрај песните од новиот албум, пејачот на големо задоволство, особено на женскиот дел, испеа и некои од своите стари хитови.

Дочекан со овации, Чолиќ, кој веќе ја стигнува седмата деценија, речиси три часа непрекинато танцуваше и пееше и покажа дека е во врвна форма.

Во бел костум, Чолиќ го отвори концертот со хитот „Продужи даље“. Публиката уживаше и во неговите стари хитови како „Певам дању, певам ночу“, „Ти си ми у крву“, „Пушти, пушти моду“.

„Човече, па тој не старее. Ние сме исто годиште, а Чола изгледа безвременски“, беше еден од коментарите на обожавателите присутен во публиката.

 

Текстот Здравко Чолиќ го наполни Пулскиот амфитатар е превземен од Reporter.mk.