По успешниот концерт во Пулскиот амфитеатар, Здравко Чолиќ сега најави концерт во Загреб. Пејачот беше задоволен од бројноста на публиката и начинот на кој таа ги прифати него и неговите хитови. Чолиќ во Пула настапи по шест години.
Хрватската публика ги обожава хитовите на српскиот пејач, а тоа го покажа и со распродадените билети.
„Добра вечер драги пријатели од прекрасната и преубава Пула. Добре дојдовте. Вечерва по шест години повторно ќе се дружиме заедно“, ја поздрави Чолиќ преполната пулска Арена.
Концертите на Чолиќ се препознатливи по неговиот маестрален глас, неисцрпна енергија и емоција што ја разменува со публиката. Одлична атмосфера, врвна организација, ерупција од воодушевување беа дел од коментарите по успешно одржаниот концерт.
Чолиќ ги испеа старите и нови песни, балади и безвременски хитови. На пејачот на бината му приклучи долгогодишниот пријател и соработник Никша Братош и балетната група „Милан Громилиќ“.
Текстот Здравко Чолиќ најави концерт во Загреб е превземен од Reporter.mk.