Српскиот пејач Здравко Чолиќ е во среќен брак со сопругата Александра од 2001 година. Тој вели дека нивната свадба настанала сосема случајно на 1 Мај и дека сите мислеле дека станува збор за скриена камера.
„Се венчавме на 1 Мај сосема спонтано. Сите мислеа дека е скриена камера. Долго време бевме во врска, па работата беше или џа или бу“, изјавил Чолиќ.
Пејачот вели дека Александра е целосно посветена на семејството и му дава целосна поддршка во професионалниот живот.
„Почитта и пријателство мора да постои. Врските кои траат долго, за оние кои можат да ги истуркаат, некогаш не се лоши, во смисла на заедничкиот живот“, изјавил Чолиќ.
Една од најголемите музички ѕвезди на Балканот вели дека и покрај тоа што него го знаат речиси низ целиот Балкан па и пошироко, тоа не е случај со неговата сопруга.
Чолиќ вели дека Александра не сака да се експонира премногу во јавноста, но откри дека таа работи како професорка по географија која често знае да ги посетува кафаните, не посветува премногу внимание на стајлингот и дека обожава да џогира.
Текстот Здравко Чолиќ: Венчавката со Александра изгледаше како скриена камера е превземен од Reporter.mk.