Зетот на Наум Петрески, Владимир Поповски, на социјалните мрежи се пожали дека како вистински Балканец не сакал да им поверува на луѓето што му велеле дека животот ќе му се смени на поубаво откако ќе стане татко. Владимир, кој е пејач на фолк-групата „Биоритам“, не ја крие среќата по раѓањето на ќерката Андреа, па често споделува слики со бебето и сопругата Анастасија Петреска.
„Аааа, ми збореа ќе ти се промени животот… Ех, балкански менталитет, додека не осетиш на своја кожа не се важи“, напиша пејачот покрај сликата од 2-месечната ќерка.
Владимир е сопруг на пејачката Анастасија Петреска, најстарата ќерка на Наум Петрески. Двојката на почетокот на годината се венча во матично, а пред десетина дена во ист ден направија и црковна венчавка и крштевка на бебето. Неколку месеци пред да се породи Анастасија, Владимир за „Репортер“ рече дека е нестрплив да стане татко и да бидат трио.
(Фото) Во ист ден крштевка и венчавка за Анастасија Петреска
Текстот Зетот на Наум се жали по „Фејсбук“ е превземен од Reporter.mk.