Згоден манекен во новиот спот на Антониа Гиговска

Најбараниот машки манекен во Македонија, Павле Николовски, ја има главната улога во новиот спот на Антониа Гиговска за песната „Никогаш не вели никогаш“. Павле е модел во агенцијата „Моделс ИН“, кој последнава година сними реклами и едиторијали за неколку странски брендови.

Пејачката деновиве објавува фотографии од снимањето на спотот и вели дека новото видео ќе излезе наскоро, веднаш откако викендов ќе ја промовира песната на фестивалот во Штип. Режисер на видеото е Даниел Јовески, а автори на песната што Антониа ќе ја пее на годинашниот „Макфест“ се Лазар и Магдалена Цветкоски.

Антониа со режисерот Даниел Јовески и манекенот Павле Николовски

Публиката ја запозна Антониа по учеството во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“.  Таа ја имаше главната улога во мјузиклот „Тајно моја“, а летово беше актуелна со песната „Ванила“, што ја сними заедно со Панчо од ДНК. Гиговска неодамна настапи во Романија, на меѓународен фестивал во градот Брешов, каде што го освои второто место.

Антониа Гиговска втора на фестивал во Романија

Текстот Згоден манекен во новиот спот на Антониа Гиговска е превземен од Reporter.mk.