Светскиот актер Жан Клод Ван Дам за својот 59 роденден, откри детали од својот приватен живот. Ван Дам призна дека ја изневерил неговата поранешна сопруга Дарси ла Пир, со австралиската пејачка Кајли Миног и дека во животот најмногу му е благодарен на Чак Норис, кој му го спасиl животот кога немало кој да се грижи за него.
За време на престојot во Америка во осумдесетите години, Ван Дам имал големи проблеми да се снајде за да преживее. Благодарение на неговиот колега и пријател Норис, тој ќе се тргне од улиците и опасниот животот со дрогата. Двајцата во тоа време ќе тренираат карате и ќе учествуваат на голем број турнири.
„Постоеше време кога немав што да јадам, па морав да се снаоѓаам како знам и умеам“, се присетува Ван Дам.
Во тоа време глумецот имал сериозни проблеми со дрогата. Чак Норис му го спасил животот нудејќи му работа како обезбедување во ноќен клуб. Ван Дам успешно ќе се снајде на новото место, благодарение на неговите карате вештини кој ги стекнал како мал додека живеел во Белгија каде е роден. Татко му кој бил цвеќар и мајка му која работела како сметководителка, го запишале прво на балет, а подоцна и на карате. Талентираниот Ван Дам станува и член на карате репрезентацијата на Белгија. Потоа на почетокот на осумдесетите години се сели во САД.
Ван Дам во Америка ќе се проба како глумец и ќе успее да стекне слава на акциски херој. Креаторите на една од најпопуларните борбени игри „Мортал комбат“, велат дека играта ја создале благодарение на него. На почетокот на деведесетите години глумецот повторно ќе има проблеми со дрогата, но кризата со кокаинот ќе трае кратко време.
„Дрогата можеше да ме уништи. Трошев многу пари и на девојки и луди забави. Се случуваше да потрошам по 10.000 долари неделно“, се присетува Ван Дам.
Во својот живот Ван дам се женел пет пати, но за четири жени. Двапати бил во брак со билдерката Глајдис Португес, а третата жена, актерката Дарси ла Пир, ја изневерил со австралиската пејачка Кајли Миног. Ван Дам вели дека таа не дознала за неверството се додека тој јавно не признал во едно свое интервју во 2012 година.
Актерот се има појавено и во пет музички спотови. Најпознати се Crush em и Straight to mu feet. Станал толку славен и популарен што белгиските власти во 2012 година му подигнале статуа.
Неговата најпозната изјава е за колачот за кој вели – Колачот нема душа. Тоа е само колаче. Претходно бил млеко и јајце. А во јајцата постои потенцијал за живот и душа – Актерот се има борено во 20 професионални кик-бокс мечеви. Победил 19 пати. Вели дека неговиот рекорд во дигање тегови бил 168 килограми.
Ван Дам е човекот кој најдобро прави шпага во целиот свет. Последната ја направил во реклама за „Волво“. Сцените со борбите најчесто ги снимал надвор од САД, поради страв дка ќе го тужбат. Таков е случајот со мајсторот за боречки вештини, Франк Дукс, кој го тужел Ван Дам тврдејќи дека тој му помогнал на почетокот на кариерата.
Тој во тужбата навел дека заслужува дел од неговата заработка, но подоцна обвиненето било отфрлено, поради недостиг на документација. Ван Дам вели дека англискиот јазик го научил гледајќи го филмот „Каменковци“.
За него прв акционен јунак на сите времиња е Чарли Чаплин. Се има појавено и во серијата „Пријатели“, каде во еден момент се шегува велјќи дека може да здроби орев со задникот.
Текстот Жан Клод Ван Дам ја изневерил сопругата со Кајли Миног, а Чак Норис му го спасил животот е превземен од Reporter.mk.