Жељко Јоксимовиќ наесен ќе отвори три кабелски телевизии, пишуваат српските медиуми. Според нив, во телевизиите на пејачот ќе работат водителките Маја Николиќ и Наташа Миљковиќ, ама не и неговата сопруга Јована. Таа, заедно со нивниот кум Срѓан Предојевиќ ќе остане на Прва, бидејќи има договор што не сака да го раскине.
„Никој не знае од каде му е на Жељко идејата и желбата да се посвети на телевизија. Малку нè изненади бидејќи станува збор за сериозен проект, во кој треба да се вложат многу пари, но и време, што тој секако нема да може. Голем залак е одеднаш да отвори три телевизии, но како што слушав, веќе има ангажирано сериозни телевизиски лица, така што изгледа дека ова во моментов му е приоритет“, открил за „Курир“ извор близок до пејачот.
Според истиот извор, Јована, сопругата на Јоксимовиќ, нема да биде дел од неговата телевизија затоа што има договор со кој е задоволна и сака да остане во сегашната медиумска куќа. Засега е сигурно дека кај Жељко ќе работат Маја и Наташа, едни од најпопуларните новинарки во Србија.
„Тие дадоа отказ на Прва затоа што им се допадна понудата на Жељко. Сите очекуваа дека и Јована ќе го направи истото, но таа реши да го одработи до крај договорот“, додал изворот.
За потсетување, Јована речиси две години е водителка на утринската емисија на телевизија Прва, „Утро со Јована и Срѓан“, една од трите најгледани емисии во Србија според официјалните рејтинзи.
Текстот Жељко Јоксимовиќ отвора три телевизии, Јована не сака да работи за него е превземен од Reporter.mk.