Женското лоби, за победа на Тамара на Евросонг- пишува престижниот магазин „Билборд“

 

Познатиот  магазин „Билборд“ (Billboard) прогнозираше дека претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска, има реални шанси за победа на овогодишното издание на „Евросонг“. Ова го објавија завчера, ден пред втората полуфинална вечер на музичкиот натпревар за „Песна на Евровизија“, кој се одржува во Тел Авив.

Музички магазин ,,Билборд” направи листа на песни кои би можеле да ја однесат годинашната победа на Евровизија, а помеѓу 12-те фаворити е и Тамара, која според магазинот е 11 по ред. Најголема шанса и даваат на Холандија.

Според прогнозата на ,,Билборд” зошто Северна Македонија може да победи на „Евровизија“, во нивното објаснување се вели: „Ова воздигнување на жените во време кога постои движењето #MeToо#, би требало да ја поврзе Тамара со многу гласачи, но и со членовите на стручното жири“

Покрај тоа, во статијата објавена во магазинот пред втората полуфинална вечер се вели дека ова е прва година како ФИРОМ настапува под името Северна Македонија.

„Порано позната како ФИРОМ, земјата настапи на Евровизија за првпат во 1998 година. Најдобар пласман со 12-то место имаше во 2006 година, со песната ‘Нинанајна’ на Елена Ристеска. Ако Тамара Тодевска влезе во финале со песната штоја промовираше на Интернационалниот ден на жената, 8 Март, тоа ќе биде прво појавување на Северна Македонија во големото финале, по 2012 година“ – информира ,,Билборд”.

Текстот Женското лоби, за победа на Тамара на Евросонг- пишува престижниот магазин „Билборд“ е превземен од Reporter.mk.