Жерар Депардје обвинет за силување

Француското обвинителство покрена истрага против актерот Жерар Депардје за силување на дваесетгодишна девојка. Францускиот актер деновиве доби тужба во која се вели дека тој за време на паузите на две театарски претстави, силувал една од неговите помлади колешки.

Неговиот адвокат за агенцијата „Франс прес“ ги негираше ваквите обвинувања. Од Обвинителството во Париз велат дека против него е покрената истрага и истата е поднесена до судот.

„Жалам поради нанесениот јавен срам кој веќе му направи голема штета на имиџот на мојот клиент, за чија невиност сум уверен дека ќе биде докажана“, истакна адвокатот на Депардје.

Тој повика на максимална воздржаност и почитување на правата од страна на сите страни.

Дневниот париски весник Le Parisien пишува дека девојката го обвинува актерот за силување за време на две театарски претстави кои се одржале на 7 и 13 август.

Депардје се смета за еден од најдобрите француски актери и досега има одиграно улоги во 170 филмови. Добил и меѓународно признание во 1990 година, во главната улога во комедијата на англиски јазик „Зелена карта“.

 

Текстот Жерар Депардје обвинет за силување е превземен од Reporter.mk.