Српскиот водител Живорад Николиќ, познат како Жика Шареница, бил натепан на снимањето на емисијата „Шареница“ во Мионица. Според „Вечерње новости“, маж со трактор дошол на местото каде што се снимала емисијата, му се приближил на водителот, му удрил неколку шлаканици и го нарекол „стар педофил“.
Обезбедувањето реагирало веднаш за да спречи поголем инцидент, а случајот е пријавен во полиција.
„Не сум повреден, сè е во ред. Се утврди дека човекот има психички проблем“, рекол Жика за медиумите.
Брзо откако мажот бил тргнат од локацијата, екипата продолжила со снимањето на емисијата.
Текстот Жика Шареница го истепале на снимање е превземен од Reporter.mk.