Живела во страв додека била со Хари, Кресида откри за врската со поранешниот принц

Поранешнниот модел и глумица Кресида Бонас, по подолго време откри во јавноста за врската со некогашниот принц Хари. Двајцата раскинаа пред шест години, а Кресида досега не откриваше премногу во медиумите, за тоа што се морала да трпи во тој период, додека биле во врска.

Таа сега вели дека постојано живеела во страв и дека се плашела дека може да погреши нешто во извршувањето на секојдневните должности и обврски кои ги имала, како девојка на еден од членовите на кралското семејство.

„Ми беше страв дека ќе погрешам, дека може да ме одбие Хари, дека нешто нема да направам како што треба, дека нема да бидам совршена. Мислам дека сите тие работи ме следеа во одреден дел од животот“, искрено открила Кресида, која додала дека како минувало времето, целата таа ситуаија ја охрабрила и зацвртила во животот.

„По сето заедничко време кое го минав со Хари, сега мислам дека сум поцврста личност. Таквата врска ми даде сила, за уште повеќе работам на себе и ги остварам своите цели. Ги поместив сопствените граници, затоа што не сакав повеќе да бидат спречена да го работам она што го сакам на било каков начин“, открила Кресида.

 

 

Текстот Живела во страв додека била со Хари, Кресида откри за врската со поранешниот принц е превземен од Reporter.mk.