Музичката ѕвезда Тина Тарнер (78) во својата нова книга „Мојата љубовна приказна“ открила дека трансплантацијата на бубрег ѝ го спасила животот. Во книгата открила и дека „животниот подарок“, односно бубрегот ѝ го донирал нејзиниот сопруг Ервин Бах (62).
Пејачката пред операцијата одела на дијализа, но открила дека не сакала да живее со „помошна машина“.
„Тоа не беше мојата идеја за животот. Но, токсините во мојот организам почнаа да ме победуваат. Не можев да јадам, преживував, но не живеев. Почнав да размислувам за смрт. Прифатив дека бубрезите ми се во многу лоша состојба. Не се плашев од умирање, но беше прашање кога ќе се решам на тоа“, е делот од нејзината книга, во која раскажува за размислувањата на самоубиство.
Тогаш Тина, која живее во Швајцарија, почнала да размислува за еутаназија и дури се потпишала како член на Егзит, а тоа е организација, која им помага на пациентите кои поради страдањата и болеста, сакаат да си го одземат животот.
Меѓутоа, нејзиниот сопруг, за кој се венчала во 2013-та година, ѝ понудил еден од своите два бубрега.
Трансплантацијата е извршена на 7-ми април, минатата година, а Тина уште некое време поминала во болница, бидејќи нејзиното тело не можело да го прифати непознатиот орган.
Во книгата, Тина исто така пишува како се изборила со мозочниот удар и како изгледа борбата против карцином на цревата.
Тина Тарнер, во далечната 1978-ма година, се развела од Ајк Тарнер. Седум години подоцна го запознала Ервин. Речиси 27 години живееле заедно, а дури пред пет години се венчале.
Тина има две деца, Рејмонд и Роналдо и ги прифатила двете деца на Ајк, Мишел и Ајк Џуниор. Во почетокот на годинава, Рејмонд се самоубил, на 59-годишна возраст.
Текстот Животот без бубрег и рак на цревата ме тера на самоубиство, откри Тина Тарнер е превземен од Reporter.mk.