Следниот месец во Британија ќе се промовира новиот документарен филм за пејачката Ејми Вајнхаус, Back to Black. Продуценти на филмот се членовите на нејзиното семејство, кои контролираа што може, а што не може да се прикаже во филмот. Претходниот документарец за пејачката „Ејми“, освои и Оскар, но нејзиното семејство не го бендиса, па дури и ги тужеше авторите дека пренесувале невистини во филмот.
Сите приходи од новиот филм ќе одат во финдацијата на Ејми Вајнхаус, која ги помага и донира во институциите и хуманитарни организации за борба против наркоманијата.
Фондацијата на пејачката неодамна најави и дека ќе организираат турнеја за Ејми Вајнхаус во 2019 година, на која Ејми ќе се појави во вид на холограм.
Текстот Животот на Ејми Вајнхаус во документарен филм е превземен од Reporter.mk.