„Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Кјонг-Пјо Хонг

Кинематографот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја е добитник на наградата „Златна камера 300“ за филмот „Горење“. Ова е највисоко признание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“. Наградата му ја додели меѓународно жири, предводено од претседателката Олимпија Митилинеу.

Хонг припаѓа на средната генерација јужнокорејски кинематографи и досега снимил 24 кратки и играни филмови. Кјонг-Пјо Хонг првиот филм, „Низок лет“ го снимил во 1998 година, а меѓу позначајните филмски остварувања се и филмовите „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“.

„Сребрена камера 300“ ја доби францускиот кинематограф Ерик Готје за филмот„Пепелта е најчисто бело“. „Бронзена камера 300“ му беше доделена на кинематографот од Полска, Лукаш Жал, дел од екипата што го сними филмот „Студена војна“.

На „Браќа Манаки“ беше доделена и „Мала камера 300“ за кинематограф што учествувал во снимањето на краток филм. Годинава со тоа признание се здоби Адрик Вотсон од Австралија.

Текстот „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“ за Кјонг-Пјо Хонг е превземен од Reporter.mk.